среда , 28 јуни 2017
grad dozd

УХМР: Попладне ќе има услови за локално невреме со појава на град

УХМР најавува дека од денеска попладне ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

Според УХМР, до сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Утре ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи дожд, особено во јужните делови. На места, вкупните количества може да надминат 45 литри на метар квадратен.

Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер. Температурата кон викендот ќе биде во благ пораст.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …