недела , 22 октомври 2017
ujplista

УЈП: На листата на должници и МТВ, Алфа, ТВ Нова и „стечаецот“ МПМ

Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 31.08.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Според оваа листа, долгот на фирмите и поединците кон државата достигна 12 милијарди денари, а од 4.360 фирми кои должат, најголем должник е Отекс АД Охрид со околу 12 милиони евра, а втор е јавното претпријатие „Македонија пат“ со долг од над 7 милиони евра.

Со долг од 431 милион денари е и „Ел Дон Кастило Ангел, Експорт Импорт “ Скопје.

И овојпат на листата се наоѓаат и јавните комунални претпријатија од Тетово и Гостивар.

Националната установа Македоската опера и балет (МОБ) на државата за неплатен данок и должи 2 милиони денари или околу 33.000 евра.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура дел од Македонските железници пак, должи 46,5 милиони денари или 760.000 евра за неплатени даноци

Како должници на оваа листа се наоѓаат и медиумски куќи, од кои најголем долг има Македонската радио телевизија која што има вкупен долг од 105.197.071 денари или 1,7 милиони евра, потоа, телевизија Алфа – околу 100.000 евра, ТВ Нова (на Сеад Кочан) со околу 19.000 евра и компанијата Медиа принт Македонија (МПМ) која на почетокот на годинава отиде под стечај на државата за неплатени даноци и должи 4.795.282 денари или околу 78.000 евра.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност;

-повисок од 300.000 денари за правните лица.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …