понеделник , 21 август 2017
UJP zgrada

УЈП: Прием на годишни даночни пријави до 20 часот

Денеска,15 март, истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите остварени во изминатата 2016 година.

Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на УЈП за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20 часот, соопштија од Управата за Јавни приходи(УЈП).
Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.

Оттаму потсетуваат дека пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).
За точна адреса, локација на даночните канцеларии, информирајте се преку веб страницата на УЈП (види и тука).

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …