вторник , 25 јули 2017
zoran bozinovski

Укинат е притворот за Зоран Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија на Твитер-профилот објави дека на новинарот Зоран Божиновски, кој беше во притвор за случајот „Шпион“, по меѓународна потерница издадена на 19 ноември 2013 година, судот му ја укинал мерката.

Тој беше уапсен во Нови Сад, Србија од српската полиција, по што им беше предаден на македонските власти.

Божиновски се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување, шпионажа и уцена. На Божиновски Кривичниот суд му определи мерка притвор од 18 ноември 2013 година. „Македонија веќе не е на срамната листа каде има новинари во затвор“, пишува во реакцијата на ЗНМ на Твитер.

Од Кривичниот суд соопштија: „Постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена“.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …