недела , 22 октомври 2017
nasiot klas

Укинати претставите на Милчин во Театарот за деца и млади

nasiot klas
Прв потег по доаѓањето на функцијата директор на Театарот за деца и млади, на Братислав Димитров му е укинувањето на Младинската сцена, а со тоа и претставите на Владимир Милчин „Нашиот клас“ и „Заспаниот ум раѓа чудовишта“, што се дел од репертоарот на Театарот, а претставата „Нашиот клас“, доби и меѓународна награда на Јоаким Интефрфест.

– Културолошки геноцид! , вака режисерот Владимир Милчин ја толкува одлуката на новиот директор Димитров во престојната сезона да ја укине Младинската сцена.

Милчин смета дека се работи за политички реваншизам.

– Како тоа мисли да укине? Во тие претстави се вложени пари, труд, ентузијазам и т.н. Ако тој успее тоа да го направи, тоа значи дека некој му дал политички амин, вели за ТВ Телма, режисерот Милчин.

Димитров со одговор дека нема да одржува на репертоарот претстави кои веќе на третата изведба продаваат само по дваесет билети. Тој вели дека принципиелно ќе ја одржи младинската сцена, но не со претстави кои промовираат темна естетика, и не се соодветни за таа возраст.

Билјана Радиноска, Лука Кортина и Срџан Јаниќиевиќ се режисерите чии предлог текстови до Министерството ги стопирал Димитров. Кортина во дописот до ТВ Телма вели дека се работи за деструктивен чекор од директорот, со кој се осиромашува македонскиот театар.

Јаниќиевиќ во дописот вели дека Братислав Димитров не ги испочитувал 9-те предлози од поранешниот директор Довлев и дека по завршениот конкурс понудил и свој текст во предлог програмата.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …