вторник , 26 септември 2017
zemjotresSkala1-540x320

Умерен земјотрес ја погоди БиХ

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтровата скала изутрината во 10:38 часот е регистриран на во јужниот дел на Босна и Херцеговина, јави ФЕНА.

Според првичните информации, епицентарот потресот се наоѓал на околу 60 километри од јужно од Сараево, на подрачје источно од Мостар и северно од Невесиње.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 12 километри под површината на земјата.

Потресот е почувствуван на пошироко подрачје на Херцеговина. Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …