понеделник , 25 септември 2017
1328578011

УНЕСКО изгласа нагласено критичка резолуција за Израел

1328578011УНЕСКО изгласа резолуција за Палестина, во која се критикува политиката на Израел во градот Ерусалим, но во неа не се споменува барањето за промена на статусот на Ѕидот на плачот, што може да предизвика гнев од еврејската држава, пренесуваат француските медиуми.

Резолуцијата пред 58-члениот Извршен совет на организацијата беше поднесена за гласање од група арапски земји. Таа беше усвоена со 26 гласа „за“, шест „против“ и 25 „воздржани“, со само една отсутна земја членка.

Против беа САД, Германија, Велика Британија, Холандија, Чешка и Естонија. Франција беше воздржана.

Усвоената резолуција „остро ги осудува израелските агресии и незаконски мерки за ограничување на слободата на вероиповед и достапноста на муслиманите до светото место – џамијата Ал Акса“.

Во документот се изразува жалење за „системсатските упади на израелските десничарски екстремисти на тоа место“ и Израел се повикува „да ги преземе неопходните мерки за запирање на провокациите кои го нарушуваат светиот карактер на местото“.

Во конечната верзија на резолуцијата, меѓутоа, отпадна споменувањето на „плоштадот Ал Бурак“, како што муслиманите го нерекуваат Ѕидот на плачот, во подножјето на Ридот на храмот.

Првичната верзија на текстот на резолуцијата, поднесена од Алжир, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Мароко и Тунис, вчера го предизвика гневот на Израел и загриженоста на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, која се противи на преразгледувањето на статусот на Светите места во Ерусалим.

Во одредбата што отпадна од крајната верзија на резолуцијата, авторите на текстот тврдеа дека „плоштадот Ал Бурак е неразделен дел од џамијата Ал Акса“.

Израел го искритикува „овој очигледен и изманички обид за повторно пишување на историјата“, а Бокова изрази жалење за иницијативите кои може „да бидат сфатени како измена на статусот на Стариот град во Ерусалим и неговите древни ѕидини“. Таа го повика Ивршниот совет „да донесе одлуки кои дополнително нема да ги потхрануваат тензиите во местото“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …