вторник , 26 септември 2017
132683595

Унгарија бара забрзување на разговорите за прием на Турција во ЕУ

132683595Унгарија поддржува забрзување на разговорите за прием на Турција во Европската унија и укинување на визите за таа држава, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Во телефонскиот разговор за агенцијата МТИ од Анкара, како што пренесува Танјуг, Сијарто изјави дека Турција го презела најголемиот број бегалци во светот и оти е е „клучна држава во решавањето на миграциската криза во Европа“.

– Европа не би била во состојба да излезе на крај со притисокот од бегалците без подготвеноста на Турција да прими милиони луѓе, рече тој.

Унгарија ги повикува ЕУ и Турција да се договорат околу акцискиот план, со кој би се истакнала поддршка и соработка на Европа во замена за напорите на Турција, кога станува збор за бегалците, рече Сијарто.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …