сабота , 21 октомври 2017
evropska-unija

Унгарија: Старите членки на ЕУ ги крадат од новите парите за справување со бегалската криза

evropska-unijaВладата на Унгарија сака повеќе средства од Европската унија за справување со најтешката бегалска криза по Втората светска војна, изјави шефот на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Јанош Лазар.

– ЕУ ги распределува фондовите за заштита на границите на понижувачки начин. Старите земји-членки ги крадат парите од новите членки, изјави Лазар во интервју за весникот „Модјар хирлап“.

Унгарија, која е дел од Шенген зоната, регистрираше над сто илјади имигранти од почетокот на оваа година, додека лани нивната бројка изнесуваше 43 илјади.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …