недела , 22 октомври 2017
orbanV

Унгарскиот премиер во посета на Србија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја почнува дводневната посета на Србија, а владите на Унгарија и на Србија ќе одржат заедничка седница во Ниш.

– Премиерот на Србија,  Александарт Вучиќ ќе биде домаќин во текот на дводневната официјална посета на претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ.

За денеска е предвиден свечен дочек на нишкиот аеродром „Константин Велики“ на делегацијата предводена од Орбан, додека ќе има свечено потпишување на договори и прес-конференција на двајцата премиери.

Вучиќ и Орбан ќе учествуваат и на Бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Србија. На Деловниот форум Србија – Унгарија ќе учестуваат 170 компании од двете држави.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …