понеделник , 21 август 2017
begalcimore

УНХЦР бара помош од 421 милиони долари за бегалците од Африка

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) побара помош од 421,2 милиони долари (околу 365,3 милиони евра) за подобрување на заштитата на бегалците во субсахарска и северна Африка, како и за напорите кои Европа ги вложува во врска со барателите на азил, јавуваат агенциите.

Од УНХЦР навеле дека е потребе план за помош на бегалците и останатите луѓе кои го поминуваат опасниот пат кон Европа, преку Средоземното море.

Според податоците на високиот комесаријат на ОН во првите шест месеци од оваа година вкупно 2.171 мигрант настрадале при обидот да го преминат Средоземното море, а се верува дека голем број луѓе загинале на патот кон Либија, од каде мигрантите преку медитеранската рута се обидуваат да стигнат до Европа.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …