вторник , 24 октомври 2017
migrantigevgelija31-670x320

УНХЦР очекува по 3.000 мигранти дневно во Македонија

migrantigevgelija31-670x320Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) очекува во Македонија дневно да пристигнуваат по околу 3.000 мигранти, соопшти неговата портпаролка Мелиса Флеминг.

– Не очекуваме да запре приливот на луѓе во наредните месеци, имајќи предвид дека продолжуваат насилствата во Сирија и во Ирак, како и влошувањето на условите за бегалците во Турција, Јордан и Либан, рече Флеминг.

УНХЦР бара поголем ангажман на ЕУ и сите земји членки да гарантираат „праведна распределба“ на мигрантите. Европа, како што наведе Флеминг, може да се справи со мигрантската криза ако бидат преземени соодветни мерки.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …