вторник , 26 септември 2017
Uniteti-2

Унитети: Блокирање на сметките на фунционерите и нивна изолација

Uniteti-2
Нашите корумпираниа властодржци од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не се спремни за решавање на политичката криза и единствен начин за нивно казнување од страна на меѓународниот фактор и спасување на земјата од политичко тонење (и не само политичко), е блокирање на нивното богатство во земјата и надвор од неа како и нивна изолација од страна на целата меѓународна заедница, се наведува во соопштението испратено од Унитети.

„Апелираме до меѓународниот фактор кој е гарант на договорот од Пржино да не дозволи неуспех на истиот и да превземе се што е во нивна можност, бидејќи во спротивно Македонија ризикува продлабочување не само на политичката криза туку и можна дестабилизација на земјата. Партиите на власт ДУИ и ВМРО ДПМНЕ на крајот докажаа дека криењето на злоупотребата на власта од нивна страна е поважно од перспективата на нашата земја, владеењето на правото, демократијата и слободата на говорот. Сега на секој граѓанин му е јасно дека за нашата власт уставот, законите како и кредибилитетот на Македонија во меѓународната политика немаат никаква вредност“, истакнуваат од Унитети.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …