понеделник , 25 септември 2017
begalcistrajk-540x320

УНИЦЕФ: Децата бегалци и мигранти треба да се третираат како деца

Заштита на децата бегалци и мигранти, особено на децата кои патуваат без придружба, од експлоатација и насилство. Прекин на притворање деца кои побарале статус на бегалци или на деца мигранти и воведување ред други практични алетрнативи.

Oва го побара претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен на регионалната конференција на ОБСЕ „Поттикнување взаемно дејствување и заеднички пристап во справувањето со трговија со луѓе долж миграционата рута на Западен Балкан“ што се одржа во Скопје. Тој  повика на изнаоѓање подолгорочни решенија за заштита на децата бегалци и мигранти – вклучувајќи ги и децата кои патуваат без придружба или се одвоени од родителот/старателот и кои припаѓаат во највулнерабилната група деца.

„Стотици деца без придружба сè уште патуваат низ Југоисточна Европа и покрај затворањето на границите,” рече Демулен. „За време на патувањето децата често стануваат жртви на експлоатација преку криумчарските мрежи и трговијата со луѓе. Овие деца се под ризик од насилство и злоупотреба. Тие се многу често лишени од заштита, поддржувачка семејна средина, образование, здравствена нега и соодветна исхрана.”

Демулен го повтори повикот на УНИЦЕФ до Европа и до меѓународната заедница да се фокусира на заштитата на раселените деца и децата бегалци и мигранти и да им пружи надеж во иднината:

УНИЦEФ бара и држење на семејството заедно како најдобар начин за заштита на децата и обезбедување легален статус на децата. Обезбедување образование за децата бегалци и мигранти и пристап до здравствени и други услуги со соодветен квалитет, вклучувајќи го и пристапот до образование. Треба да се преземе акција за да се решат основните причини за масовното движење на бегалците и мигрантите. Да се промовираат мерки за борба против ксенофобијата, дискриминацијата и маргинализацијата.

Регионалната конференција ја организира Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за борба против трговија со луѓе, со поддршка од специјалниот претставник на ОБСЕ и координатор за борба против трговија со луѓе. Во текот на конференцијата учесниците споделија информации, постоечки контакти, мрежи и алатки, добри практики и стекнати искуства за да се помогне во зајакнувањето на пристапот и да се гради дух на взаемно дејствување во справувањето со трговијата со луѓе поврзана со миграциите.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …