вторник , 24 октомври 2017
unkovski

Унковски: Тоа е израз на вашиот тн. патриотизам?

Ја гледам денес Парадата на протестите Заедно као проба за Граѓанската војна: Напред багери за кршење на вратата на Собранието, потоа црни тетовирани командоси скриени во маскираните, без регистерски броеви и со загадочна содржина минибуси и автобуси, спремни за завземање на Собранието, и зад нив една нејасна маса, не претерано бројна, но нахранета со омраза и апатија, одработува хипнотизирана, желна за крв, или да и помине денот.

Зошто ви се потребни багери, та никој нема да ве запре да влезете во собранието, Трајко лично ќе ви ги отвори вратите, ќе го опаша оружјето и ќе тргне по ходниците во лов и линч на пратениците од мнозинството.

Еден ден кога граѓанската војна сепак ќе заврши, сеедно со чија победа, а јасно е дека нема да може да има победник, кога ќе заврши и третата балканска војна, зошто судирот овде не може да остане локален, после повеќе месеци или после повеќе години, Македонија ќе биде распарчена, а паркот Жена борец, како и другите паркови по Скопје, па и оној тревник пред собранието, полни со тазе гробови на скопјани. Нема да има потреба од попис, лесно ќе се пребројат преживеаните! Тоа го сакате, кон тоа се стремите? Тоа ви кажува вашиот разум, вашето семејство, вашите деца, вашите учители, вашата писменост? Тоа ви го кажува вашиот единствен живот што го имате?

Сакате ли да гледате како гори зградата на ЕВН, Собранието, како скопските населби и разноразни згради / руски, румунски, отвараат дупки на погорните катови, како виснал Камениот мост пресечен со граната на средината, како се уриваат четириесет катницте во Аеродром, како трчаат избезумени окрвавени деца по скопските булевари во потрага по своите родители, како се одлеваат колони бегалци преку Сончевиот град и преку Водно кон посигурните зони, како со голема брзина се движат по градот истрошени камиони и од маслинестото обоени сандуци делат калашњикови без селекција, како е напуштена испразнетата и опљачкана зграда на Банката на Македонија. Сакате да примате телеграми во кои командата на народните бригади ќе ви јави дека некој ваш загинал? Мислите ли дека злите работи ќе им се случат на некои други луѓе на некои други места, а дека вие сте сигурни независно што скандирате по улиците Чиста, чиста Македонија, независно што ги срушивте институциите на држава што треба да ве одбранат? Сакате да го горите паркетот од дома и книгите ако ги имате за да зготвите нешто ако најдете за јадење, за да се згреете?

Не потценувате нас другите, и си мислите дека тоа што не нема е заради слабост или страв? Или си велите македонците ќе мораат да одат со македонците, албанците со албанците? Сакале, нејќеле.
Овде е веќе умрен здравиот разум, логиката, спомнувањето на фактите е навреда, а носење на војнички кошули станува моден тренд.

Ако некој мисли дека Заедно, препознатлив продукт на ДПМНЕ ќе запре на разумна точка пред моментот кога веќе не ќе може ништо да се поправи, е или наивен или безразложен оптимист. Управувавни со далечинско, водачите на Заедно, видливите и невидливите, се во еден дервишки танц на мрморење и вртења во круг во кој ја изгубиле свеста за сопствената позиција и одговорност а уживаат во лажната слава на денот, несвесни, се плашам, за сопствената минливост и за местото што ги чека во шифоњерот со искористени трикови на нивната партија.

Тоа го сакате? Тоа е израз на вашиот тн. патриотизам?

ФБ статус на режисерот Слободан Унковски

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …