недела , 22 октомври 2017
ministerstvo za finansii

Упатство за граѓаните и фирмите како да исправат погрешна уплата кон државата

Годишно од 1.000 до 1.200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии.

Во таа насока на својата фејсбук-страница (https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/) Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.

Исто така, Министерството објави процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатница, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата.

Објавени се и контакт телефони на надлежните во Министерството, ако на граѓаните им се потребни повеќе информации.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …