недела , 22 октомври 2017
sebastijan

Урагански ветер во Германија, тројца загинати

Најмалку три лица страдаа во бурата „Себастијан“ во Германија, каде што во северниот дел од земјата брзината на ветерот достигнала и до 130 километри на час. Бурата, која во средата ги погоди западниот и северниот дел на Германија, според метеоролозите, се движи кон источниот дел на земјата.

Неколку региони во земјата излегоа со предупредувања до жителите да останат во своите домови сè додека службите за вонредни ситуации не ги исчистат патиштата и не ги решат проблемите со електричната енергија.

Според противпожарните служби, тело на маж во инвалидска количка било пронајденов во река, во градот Хамбург на северот на Германија. Меѓу загинатите е и еден пешак во истиот град, врз кого паднало скеле. Тој бил хоспитализиран, но им подлегнал на повредите.

Трета жртва, како што објави полицијата, е 53-годишен маж во градот Брилион. Врз сега веќе починатиот паднало дрво.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …