петок , 18 август 2017
делчево поплави

УСАИД превенира урбани поплави во Делчево

Денеска, Директорот на мисијата на УСАИД, г. Џејмс Стајн, се приклучи на заедницата во Делчево за да го прослават завршувањето на мерката за намалување на ризикот од урбани поплави во Милково Брдо. Оваа мерка беше завршена како дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија. За граѓаните на Делчево, адаптацијата кон климатските предизвици преку превенирање на урбани поплави беше дефинирана како приоритет во Општинската стратегија за климатски промени.

Овој пилот проект вклучи изградба на нова атмосферска канализација во урбаната населба “Милково Брдо” во Делчево, која ги собира и одведува атмосферските води подалеку од населеното место. Со оваа мерка, Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени го зголеми капацитетот на жителите на Делчево да се прилагодат на климатските предизвици и да се заштитат од потенцијалните штети од поплави.

Во своето обраќање, Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн истакна: “Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани, вклучувајќи суши, топлотни бранови  и силното невреме”. “Овде, во Делчево, во партнерство со УСАИД, работевте сите заедно да се ублажат овие ризици и да се зголеми отпорноста на вашата заедница”.

За овој пилот проект, УСАИД придонесе со 3.300.000 денари (58.930 долари), а Општина Делчево придонесе со 1.734.792 денари (30.978 долари). Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени беше партнер на локалното раководство и заедницата во Делчево, со цел да се развие долгорочна стратегија и акционен план, засновани на консензус, кои директно ги рефлектираат специфичните потребни на локалното население. Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, овој проект го зајакна граѓанското општество преку зголемување на посветеноста и вклученоста на заедницата на делување за прашања од заеднички интерес.

Слични написи

Barselona-napad-2

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што …