петок , 22 септември 2017
sobranie demonstranti

Уште две лица повикани во полиција поради нередите во Собранието

Лицата Ц.Г. (49) и П.И. (33), двајцата од Скопје, вчера биле повикани во полиција во врска со нередите во Собранието на 27 април.

Како што соопшти МВР во дневниот билтен, по извршените разговори и земените отпечатоци, тие биле слободени, а во консултации со јавен обвинител ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

Поканата во полиција, наведува МВР, следувала по преземените мерки и активности на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје, која извршила преглед на видеозаписи за идентификување останати лица кои во инцидентот во Собранието презеле дејствија со елементи на кривично дело.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …