сабота , 21 октомври 2017
onil

Уште еден пијаница на „Островот“: Уапсен селекторот на Северна Ирска

Вејн Руни нема монопол на „славата“ од претерано консумирање алкохол, бидејќи дел од вниманието му украде селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О’Нил.

О’Нил бил уапсен со обвинение за управување со возило под дејство на алкохол. Според извештаите, селекторот бил запрен од полиција близу Единбург, во Шкотска, во саботата во 1 часот по полноќ. Потоа бил приведен, а полицијата потврдила дека уапсен е 48-годишен човек кој возел пијан.

„Бидејќи ова е полициска работа, ние немаме коментар“, кратко изјавија од Фудбалската асоцијација на Северна Ирска.

Сега О’Нил ќе мора да се појави на суд, на 10 октомври, два дена откако го чека важен меч од квалификациите за СП, против Норвешка. Неговата репрезентација игра фантастично во овие квалификации и веќе има обезбедено, барем, бараж.

За разлика од О’Нил, не му цветаат рози на „пијаницата“ број 1 во актуелниот свет на фудбалот. Вејн Руни. Во последниов период излегоа неколку скандали со него и неговото семејство, сопругата го напушти, а многумина изјавија дека неговиот проблем со пиењето е подлабок од што изгледа.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …