вторник , 26 септември 2017
132349283-540x320

Уште еден руски десантен брод плови кон Сирија

132349283-540x320Рускиот десантен брод од Црноморската флота „Јамал“ денеска преку Босфор вплови во Средоземно Море.

Според дел од турските медиуми бродот „Јамал“ се движи кон сириското пристаниште Тартус, каде се наоѓа пунктот за материјално-техничко обезбедување на руската военоморска флота во Средоземно Море.

Во саботата во Средоземно Море впловија два големи десантни бродови на Црноморската флота – „Николај Филиченков“ и „Саратов“, а вчеда бродот ЧФ КИЛ-158.

Странските медиуми објавија дека руските десантни бродови учествуваат во операцијата наречена „Сириски експрес“, чија цел е достава на муниција за сириската владина армија, која се бори против исламистичките групи, вклучително и Исламска држава.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …