недела , 24 септември 2017
piperka kapija

Уште еден стап по грбот на земјоделците – 30% од родот на црвената пиперка се поплави по нивите

piperka kapija 1
Вчера под притисок на инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство при МЗШВ, во општина Кривогаштани насилно беше прекинат откупот на пиперката. На откупувачите им беше наредено најниската откупна цена за црвената пиперка да биде најмалку 20 ден/кг и тие ги затворија пунктовите. Денес во атарот на општина Кривогаштани во селата Обршани и Крушеани се случи нова катастрофа.

Дождовите поплавија околу 30ха површини под црвена пиперка која уште 30% не е собрана од нивите. Се повтори катастрофата од пролетта – загуба по грбот на земјоделците. Тие изгубија третина од родот на пиперка која и онака слабо се продаваше по 6-7 ден/кг. Дури и по таа цена веќе немаат што да продаваат зошто 30% од произведената црвена пиперка им остана на нивите да скапува.

Таа веќе не е за продажба. Поплавите во Пелагонија не се изненадување. Оваа состојба е позната од пролетта. Надлежните имаа време да преземат мерки за санирање на речното корито на река Црна и да ги исчистат одводните канали. Ништо не е направено. Зарем не е срамота да се удираат во гради со „силните“ субвенции а во исто време да ги заборават и земјоделците и родот по нивите и уништените плодни почви во Пелагонија? Немаат веќе право да се нарекуваат „земјоделска влада“…никој веќе не им верува.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …