петок , 22 септември 2017
Тоше Проески насловна [1600x1200]

УШТЕ ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ТОШЕ

Тоше Проески осум години 6 [1600x1200]
Пишува:
Зоран Милошески

По врнежливо и студено време, скромно и во помал број во однос на претходните години, граѓаните на Крушево и обожавателите на Тоше Проески денеска ја одбележаа осмата годишнина од неговото трагично загинување.  

Точно во 12.00 часот на Гумење пристигнаа и 16-те македонски спортисти кои во чест на Тоше го истрчаа ултра маратонот од Нова Градишка до Крушево, долг 900 километри. Тие го посетија вечното почивалиште на Тоше на Гумење каде запалија свеќи, а на гробот на Тоше го положија македонското знаме.  

„Се надевам дека вие кои сте овде сфаќате колкава е упорноста кога некој од нас по осми пат, некој по петти или шести пат, го трча овој ултра маратон. Релацијата од Нова Градишка до Крушево ја трчаме 78 часови за да му одадеме почит на нашиот Тоше“, вели Наум Капричевски, еден од спортистите кој го трчаше ултра маратонот.

Капричевски раскажа и за проблемите со кои се соочиле за време на нивниот престој во Србија.

„Откако стигнавме пред белградската „Арена“, дојдоа медиумите, дадовме изјава и ни беше ветено дека ќе продолжиме со трчањето кон Македонија. На дожд и студ бевме оставени да чекаме 5 часа, кога без да ни ги образложат причините ни кажаа дека нема да ни дозволат да трчаме. Тоа за нас беше многу потешко отколку трчањето на тие 400 километри низ Србија“, раскажа Капричевски.    

Во знак на сеќавање на сето она што Тоше Проески го направи за време на неговиот краток живот, во Спомен куќата која го носи неговото име беше отворена изложба на слики со ликот на Тоше, дело на младиот уметник Александар Поповски.  

Дека одбележувањето на осмата годишнина од загинувањето на Тоше помина со одредени организациски и друг вид на проблеми потврди и директорот на Фондацијата „Тоше Проески“ Андреј Николоски, кој рече дека во знак на протест, без да објасни на што точно мисли, нема да даде официјална изјава за медиумите.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година, во трагична сообраќајна несреќа која се случи во близина на Нова Градишка, во Хрватска.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …