вторник , 26 септември 2017
jasminka angelova

УШТЕ КОЛКУ ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ ЌЕ „ПИКНЕТЕ“ ВО МВР ДОДЕКА ПРЕГОВАРАТЕ?!

Додека чекаме да заврши долгава ноќ на натегање со веќе видените монструми… Да ги забележам и овие директни гласини од срцето на МВР. Лично неуставниот министер Митко Чавков во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во ден недела (18.10.2015 година) во 14 часот поделил решенија за работа на околу 50 – на нови инспектори, донесени без конкурс, само со писмена согласност од месните штабови на владеачката партија ДПМНЕ. Овие не се од курсот, тие си се башка…

При врачување на решенијата им било нагласено дека ова што го прават пред самиот избор на новиот опозициски министер е нелегално, но на нив, мораат да им се оддолжат заради особените заслуги во Партијата?! И сега е моментот да ги „пикнат внатре“! Уауу… Интересно. Што направиле, бре толку за Партијата?! И уште колку ќе пикнат додека ги оддолговлекуваат преговориве… Воопшто не била земена во предвид компетентноста на партиските кадри, ниту дали новопечените инспектори имаат завршено високо образование, а особено „кикснале“ кај возраста, бидејќи повеќето партиски дојденци биле бааги постарички за приправници, од 45 па нагоре…

konkurs MVR

Потврда за ова е и написот на еден во порталите за вработувањето на братот на Гордана Ѓешкоска, кој е примен на 48 годишна возраст! Знам, на ист ден сме родени… Ех Божо, Божо… Фрапантно за мене беше дека тазе приправникот Божо, поминал извесен период и во мојата поранешна барака каде е сместена единицата за сузбивање на економски и компјутерски криминал!!!

Се прашувам дали барем малку од малку му било незгодно, затоа што службено сум го повикувала повеќе пати…но дадичка верувам дека сѐ си средувала…Можеби седел и на моето работно место… Инаку, истиов Божо поодамна има работено во полиција, не знам дали е избркан, како што прочитав некаде по порталите или сам напуштил, а не се сеќавам ниту што ми одговорил за ова прашање кога службено сме разговарале во мојата службена канцеларија… но зошто сега пак да ја пропушти шансата за враќање во Институцијата што му ја обезбеди неговата сестричка Гордана, која мора да и честитаме навистина солидно одработи со режимот.

Неа воопшто не ја засегна изјавата на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски кој своевремено изјави дека Гордана Ѓешковска која работи на предмети во одделот за организиран криминал, „нема интелектуален капацитит за да постапува по предмети од областа на организиран криминал“. Ама затоа на 18 април 2013 година беше избрана за Заменик на Државниот Јавен обвинител на Република Македонија.

И покрај ваквиот негативен „имиџ“ Ѓешкоска работеше на големите предмети, за кои низ досегашните телефонски разговори дознавме дека има многу местенки: „Пајажина“, „Змиско око“, „Изгрев“, „Монструм“, а требаше досега да постапува и по низата пријави против Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска… Во една од опозициските „бомби“ во разговорот за нејзиниот избор Сашо Мијалков вели „ќе ја бираме Гордана Ѓешкоска“.

Па навистина ми се смешни повиците до Ѓешкоска итно да постапи за актуелниот пиштол на Големиот Брат!!!

Јасминка Ангелова

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …