вторник , 24 октомври 2017
obedineti_nacii

Усвоена новата резолуција за Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) едногласно ја усвои резолуцијата за новите санкции кон Северна Кореја поради шестиот нуклеарен тест што го изврши оваа земја.

Сепак, СБ на ОН ја усвои поблагата верзија на првичниот американски предлог за резолуцијата. Усвоена е резолуција која не вклучува замрзување на имотот на Владата на Северна Кореја и лидерот Ким Џонг Ун, како што бараа САД.

Со најновата резолуција, на Пјонгјанг му се забранува да увезува сурова нафта во наредните 12 години, но не и да ги увезува сите облици на природен гас, додека увозот на нафтените деривати на Северна Кореја ѝ е ограничен на два милиони барели годишно.

Резолуцијата, исто така, ѝ забранува на земјата да извезува текстилни производи, додека на сите други  држави им се забранува да им издаваат работни визи на работниците од Северна Кореја.

Ова е деветта резолуција која СБ ја усвои поради нуклеарната програма на Северна Кореја од 2006 година. Првичниот предлог Вашингтон го ублажи за да ја добие поддршката на Кина и Русија.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …