среда , 18 октомври 2017
pregledi

Утре бесплатни прегледи за хронична опстуктивна белодробна болест

По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ 2016 година, кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.

Прегледите ќе се изведуваат  утре во период од 11 до 14 часот во приземјето на самиот влез во „Скопје Сити Мол“ од страната на Карпош 3.

Со овој настан треба да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и за нејзино навремено дијагностицирање и лекување.

Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни.

Еден од најголемите ризик-фактори за појава на ХОББ е пушењето.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.