сабота , 23 септември 2017
katicajaneva3-685x320

Утре ќе се гласа за обвинителите предложени од Јанева

katicajaneva3-685x320Советот на јавните обвинители за утре ја закажа седницата на кој ќе ги разгледува плановите на специјалната обвинителка Катица Јанева и листата на обвинители кои ги предложи.

Информацијата дека е закажана седницата, следува по соопштението што амбасадите на САД и ЕУ го пуштија до медиумите каде е посочено што е можно побрзо да се овозможат условите за канцеларијата на Јанева да почне со работа.

На седницата ќе има само две точки – разгледување на општиот работен, персонален и финансов план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и избор на јавни обвинители предложени во листата на кандидати за јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Понеделник е последниот рок до кога Владата „е обрзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното обвинителство“. До понеделник и Министерството за правда треба да обезбеди „комплетни просторни услови“ за работа на Специјалното обвинителство.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …