вторник , 27 јуни 2017
evrovizija

Утре почнува 62-то издание на Евровизија

Изборот за песна на Евровизија, 62­-ри по ред, почнува утре во Киев, со првата полуфинална вечер во која ќе настапат 18 земји. Второто полуфинале е закажно за 11 мај, а финалето ќе се одржи на 13 мај.

Најпопуларниот музички натпревар во Европа оваа година се оддржува во главниот град на Украина, Киев, благодарение на победата на минатогодишниот учесник Џамала со песната „1944“. Ова е вторпат Украина да биде домаќин на натпреварот, претходниот пат беше домаќин во 2005 година. На Евросонгот оваа година учествуваат 42 земји. Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016 година, Босна и Херцеговина се повлече од натпреварот поради финансиски проблеми, а Русија поради забрана за влез во Украина на нејзините претставниц.

Во првото полуфинале настапуваат: Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија, и Летонија.

На првата полуфинална вечер право на глас ќе имаат публиката и членовите на жири комисијата од земјите учеснички, како и директните финалисти од Италија, Велика Британија и Шпанија.

Втората полуфинална вечер на изборот настапуваат Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

На втората полуфинална вечер право на глас ќе имаат публиката и жири комисијата од земјите учеснички на второто полуфинале, како и директните финалисти од Германија, Укриана и Франција. 

На овогодинешниот натпревар за „Песна на Евровизија“ во Киев, Македонија ќе ја претставува Јана Бурческа со песната „Dance Alone“.

Бурческа ќе настапи трета по ред на втората полуфинална вечер в четвроток.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …