вторник , 25 јули 2017
sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за пресот не е прецизирано што ќе биде тема и што ќе се објави.

Мандатот на СЈО истекува за два дена.

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, денеска најави дека до крајот на неделата СЈО ќе објави за кои предмети ќе поднесе обвиненија.

Досега специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе три обвиненија, за нарачаните шамари во Центар каде првообвинет е екс премиерот Никола Груевски, за случајот „Тврдина 2“ и за „Транспортер“ во кој првообвиент е битолскиот градоначалник Владмир Талески.

Последна истрага која ја отвори СЈО е „Талир“ за евентуално перење пари и нелегално фиансирање на ВМРО-ДПМНЕ, но поради обемноста на истрагата и непримањето на поканите од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Груевски, најверојатно обвинение за овој случај нема да се поднесе.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …