четврток , 29 јуни 2017
valvedre

Валверде нов тренер на Барселона

Ернесто Валверде е нов тренер на шпанскиот фудбалски великан Барселона, соопшти претседателот на клубот Хосеп Бартомеу.

Доскорешниот тренер на Атлетик Билбао ќе потпише двегодишен договор со клубот со можност соработката да се продолжи на уште една година.

На тренерското место на „Камп Ноу“ Валверде ќе го наследи Луис Енрике, а официјалната промоција е најавена за в четврток (1 јуни).

53-годишниот Валверде во својата тренерска кариера досега ги предводел Атлетик Билбао, Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија. з

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …