петок , 22 септември 2017
vanhojt

Ванхауте до Груевски: Прифати одговорност и чекај истрага

осредникот помеѓу политичките партии, експертот Питер Ванхауте во отворено писмо до лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски му порачува дека неговата партија е најодговорна за вчерашните случувања, бидејќи тие го иницирале насилството.

Во прилог ви го пренесува писмото на Ванхауте интегрално:

Господине Груевски, вчерашните случувања во Скопје, за кои Вие и Вашата партија сносите најголема одговорност, бидејќи Вие сте тие кои повикаа на насилство, ќе бидат запаметени како уште еден црн ден во македонската историја. Да бидам јасен, употребата на насилство против демократските процеси во Парламентот е неприфатливо. Свесен сум дека ВМРО ДПМНЕ се уште е најголемата партија во Парламентот, но тоа не значи ништо доколку не можете да фомирате мнозинство. И ова е тоа што треба да го прифатите, господине Груевски.

 vanhaute-670x383

Не затоа што победивте на избори автоматски формирате и влада. Денес вие сте најголемата опозициска партија во Парламентот бидејќи го изгубивте мнозинството и Владата и никакво насилство нема да го промени ова. Секако лесно е да обвинувате други за вчерашните случувања. Веројатно ова ќе го видите како причина за апсења, тоа нема да ме изненади. Вашата прес конференција минатата вечер беше срамна и несвојствена за лидер на демократска партија. Наместо да ги штитите демократските вредности вчера видовме како демократијата се крши во рацете на Вашите партиски членови и група мафијаши.

Изборот на нов спикер со цел да се врати демократијата во Македонија е совршено легален. Ниту еден суд, дури и оние кои ги контролирате, не смее да го доведе во прашање овој факт.

Според меѓународното право, овој избор е легитимен, бидејќи главната цел беше да се врати демократијата.

Господине Груевски, спротивно од Вашето лично убедување, одговорноста е основна вредност во едно демократско општество. Мора да преземете огвоорност за она што правите, за она што го зборувате.

Време е да го прифатите поразот и да ја напуштите политичката сцена и да чекате длабока истрага за Вашите дејствувања и за дејствувањата на Вашите соработници. Нема назад. Граѓаните во Македонија без разлика на која заедници и припаѓаат имаат право да се разбудат во демократија ослободена од притсоци и страв.

превод: НОВА

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …