вторник , 26 септември 2017
vanhaute-klubpratenici

Ванхауте: Продолжуваат преговорите на работните групи

vanhaute-klubprateniciРаботните групи составени од претставниците на четирите политички партии денеска продолжија со разговорите со фокус на Изборниот законик.

Како што изјави олеснувачот на меѓупартиските преговори Питер Ванхауте, разговорите продолжуваат откако партиите потписнички на Договорот од Пржино – ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, се согласиле да испратат писмо до Уставниот суд и до Советот на јавни обвинители со барање веќе во понеделник да ги избере останатите седум обвинители за комплетирање на тимот што го побара специјалната обвинителка Катица Јанева.

– Вчера имавме продолжени разговори пред се, за прашањата околу специјалниот обвинител и целата ситуација и предизвиците со Уставниот суд. Имаше договор вчера да испратиме писмо до двете институции со барање да се справат со овие ситуации што побрзо. Денеска ќе дискутираме за изборниот законик и се надевам дека ќе го финализираме што побрзо. Многу сме блиску да ги финализираме последните детали за да може да биде предаден на Парламентот до понеделник за да го одобри, рече Ванхауте.

Од Уставниот суд, воедно, се бара што побрзо да се произнесе дали законот за специјалното обвинителство е уставен, откако до него беше поднесено барање за утврдување на неговата уставност.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …