среда , 28 јуни 2017
vardar rakomet

Вардар ја освои Лигата на шампионите, го победи големиот ПСЖ со еден гол разлика !

Македонскиот шампион Вардар е нов европски првак во ракомет, откако во неверојатна драма во „Ланксас арената“ го совлада ПСЖ со 23-24 (12-11) и првпат стана шампион на стариот континент.

Ремили брзо го доведе ПСЖ во водство, но по само три минути Лука Карабатиќ го заработи првото исклучување. Чупиќ и Душебаев возвратија со инвидуални потези за прво водство на вардарци (1-2). По прекрасната акција до крило, Дибиров во 10. минута првпат донесе +2 за вардарци.

Арпад Штербик добро влезе во мечот и брзо собра пет интервенции. Французите почнаа брзо на грешат и Сердарушиќ побара минута одмор откако Шишкарев погоди за 2-5. Брзо реагираа „сините“ и Хансен и Генсхајмер намалија на 4-5. По шест минути без постигнат гол, Дибиров го матира Омејер за 4-6 во 17. минута. Штербик бранеше и возможно и невозможно и доби стоечки овации кога го одбрани седмерецот на Генсхајмер.

Водени од Абало и Карабатиќ, ракометарите на ПСЖ пак се вратија блиску до Вардар и намалија на 6-7 во 22. минута. Никола Карабатиќ отиде грубо врз Борозан и заработи прво свое исклучување,а Марсениќ со ефектен гол врати на +2 во 25. минута.

По долго ловење на резултатот, Хансен од седмерец погоди за 10-10 во 28. минута. На половина минута до одморот, Степанчиќ од контра напад го донесе првото водство на Французите (12-11), резултат со кој се замина на одмор.

Второто полувреме почна со игра гол за гол, па Циндриќ и Дибиров го одлепија на 13-15 во 38. минута. Ризичната игра без голман на ПСЖ ја искористија Абутовиќ и Шишкарев со голови од своето поле за 17-20 во 43. минута. Момците на Сердарушиќ реагираа и преку Хансен и Нарцис намалија на -1.  На осум минути до крајот Генсхајмер погоди контра напад за 21-21 и нова финална драма.

Раул повика тајм-аут на седум минути до крајот, а по грешката на Хансен. Дибиров го врати Вардар во водство. Следеше гол на Борозан за +2 во 55. минута. Ремили намали на -1, а останаа само две минути до крајот. Омејер му одбрани зицер на Дибиров, па Сердарушиќ повика минута одмор при 22-23. Следеше израмнувачки гол на Нарцис, но по тајм-аутот на Сердарушиќ, Вардар преку Чупиќ го погоди послединиот напад за победа од 23-24 и европска титула за Вардар.

Штербик блескаше на голот на Вардар, Дибиров постигна 6 гола, но целиот колектив одигра фантастично. Кај ПСЖ најефикасен беше Никола Карабатиќ со 5 гола.

Извор: ГОЛ.МК

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …