понеделник , 23 октомври 2017
98162-uefa-le-fudbal-trening-na-vardar-13092017-2471

Вардар против Зенит: „Црвено-црните“ сакаат игра луда и нови европски чуда!

Македонскиот фудбалски првак Вардар вечерва (21.05 часот) го има премиерниот настап во Лига Европа. Противник на најтрофејниот клуб од нашата земја е Зенит, со кого се соочуваат во рамки на групната фаза на Лига Европа.

Вардарци покажаа дека не смее да бидат потценети и успеаја како домаќини да ги урнат Малме, Копенхаген, Фенербахче… Иако отпишани, вардаровите фудбалери заминаа за Турција, па и таму успеаја да го надиграат Фенербахче и да обезбедат прв историски пласман во групната фаза на едно од натпреварувањата на УЕФА.

Јаневски досега има „пет од пет“ и одлично ги склопи коцките во тимот. Вардар конечно може да се каже дека игра одличен фудбал за око, агресивен и напаѓачки, а исто така не респектира и посилни противници, што се покажа на дуелот со турскиот великан.

Во Скопје сигурно првакот ќе го чека полн стадион, а од тоа има ли поголем мотив за нова игра луда и нови европски чуда? Секако дека нема. Храбра игра најавија сите, а капитенот Бобан Грнчаров посакува целата Македонија да се радува по натпреварот со Зенит.

„Играме против доста квалитетна екипа, која секоја година игра во групната фаза на ЛШ или ЛЕ. Зенит во 2008 година го освои ова натпреварување, тоа покажува дека се работи за сериозен тим. Од друга страна, ова е наш прв меч, ние сме дебитанти. Сакаме да покажеме на Македонија и Европа дека играме добар. модерен и офанзивен фудбал. Играме пред домашна публика. Немаме што да загубиме во ова натпреварувацње, може само да добиеме. Имаме три од три на домашен терен во Европа, се надевам на нов триумф. Ова е историски момент за нас“, изјави Грнчаров.

Досега, македонските клубови имаат четири пресметки со руски екипи. Првиот двомеч го имаше Цементарница, која во 1999 година со вкупни 2-3 доживеа елиминација од Интертото купот од Ростелмах, а потоа следеше незаборавниот двомеч Вардар – ЦСКА Москва, во сезоната 2003/04, кога „црвено-црните“ среде Москва го изненадија фаворитот, а потоа ремизираа на домашен терен, за со вкупни 3-2 да одат во наредната фаза.

Во сезоната 2005/06, Работнички беше елиминиран од Локомотив Москва од квалификациите за ЛШ со вкупни 1-3 (1-1 и 0-2), додека последниот дуел е меѓу Работнички и Рубин Казан, во сезоната 2015/16, во рамки на квалификациите за Лига Европа кој заврши со 1-2 за Русите (1-1 и 0-1).

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …