недела , 24 септември 2017
vardar keln

Вардарци пристигнаа во Келн

Ракометарите на Вардар вчеравечер пристигнаа во Келн, Германија, каде викендот ќе го играат завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.

Вардар направи она што досега не му успеало на ниту еден друг машки тим во Македонија. По трите пласмани во четврт-финалето сега е направен посакуваниот и очекуван чекор напред, влезот на Ф4 турнирот.

Двајца играчи од сегашниот состав на Вардар веќе го имаат освојувано трофејот во лигата на шампионите, Арпад Штербик трипати, и еднаш Иван Чупиќ.

За Вардар ова е 11 сезона во ЛШ, и убедливо е најуспешната македонска екипа што досега учествувала во елитното натпреварување. Сезоната 2016/2017 досега е најуспешната за клубот, со 12 победи на 16 натпревари и освоени 24 бода. Вкупно во ЛШ „црвено-црните“ имаат одиграно 102 натпревари.

Вардарци денеска ќе го имаат првиот тренинг.

Полуфиналниот натпревар со Барселона е закажан за утре во 18 часот, претходно од 15:15 часот во првото полуфинале ќе играат ПСЖ и Веспрем.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …