вторник , 26 септември 2017
siriski-dezerteri-490x320

Вашингтон е подготвен да достави уште муниција за бунтовниците во Сирија

siriski-dezerteri-490x320Американската армија е подготвена да испрати уште муниција по воздух на бунтовничките групи во Сирија, кои се борат против групата „Исламска држава“, откако во неделата испрати 50 тони муниција.

– Ќе има уште испораки по воздух, но само ако можат да докажат дека муницијата се користи ефикасно против ИД, изјави синоќа анонимен претставник на армијата, додавајќи дека колку повеќе резултати покажуваат, толку поредовни ќе бидат испораките и американските авиони ќе ги избираат целите на начин, што ќе дава предност на терен на бунтовниците кои се борат против ИД.

Програмата за достава на Пентагон сепак ќе биде ориентирана кон резултатите, по неуспехот на планот за обука на локални сили. Можено е во иднина да биде испратено и некое оружје, што бунтовниците ќе треба да гарантираат дека нема да падне во погрешни раце.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …