вторник , 26 септември 2017
begalcitraekt

„Вашингтон Пост“: Бегалската криза ги засилува позициите на екстремната десница

begalcitraektНајголемата бегалски криза со која се соочува Европа по Втората светска војна ги засилува позициите на европската екстремна десница, оценува весникот „Вашингтон Пост“ во анализа посветена на локалните избори во Виена.

Австриските социјалдемократи извојуваа тешка победа на локалните избори во Виена, издржувајќи пред притисокот на екстремно десничарската Партија на слободата. Трката за локалната власт во австрискиот главен град мина во сенка на актуелната бегалска криза, за време на која во Австрија влегоа илјадници сириски бегалци и други имигранти, наведува весникот.

„Вашингтон Пост“ наведува дека анкетите на јавното мислење пред изборите, посочуваа дека зголеменото антиимигрантско расположение на Австријците, би можело да доведе до пораз на социјалдемократите и со тоа тие да ја загубат контролата над власта во Виена првпат по Втората светска војна.

Социјалдемократите на изборите освоија 40 отсто од гласовите, што е за пет процентни поени помалку во однос на претходните локални избори, додека Партијата на слободата се зацврсти на второто место со освоени 32 проценти, што е досега најдобар нејзин резултат во Виена.

Ваквиот успех на Партијата на слободата на стоматологот Хајнц-Кристијан Штрахе, го активираше алармот кај многумина од опасноста од подемот на екстремната десница, оценува „Вашингтон Пост“.

Според весникот, како и другите ксенофобични популисти и партијата на Штрахе го користи бегалскиот бран за ширење страв, обвинувајќи дека неконтролираниот прилив на бегалци ќе овозможи влез во Европа на криминалци и терористи.

– Ние имаме христијанска култура и сакаме да ја зачуваме таа христијанска култура и за нашите деца, изјави Штрахе во предизборната кампања.

На обвинувањата дека е расист и фанатик, Штрахе во една прилика одговори дека „со задовоство јаде ќебап“, мислејќи на традиционалното ориентално јадење.

Успехот на Партијата на слободата е уште еден доказ дека бегалската криза ги засили екестремно десничарските партии на Стариот континет, наведува „Вашингтон Пост“, додавајќи дека со сличен проблем се соочува и Германија, каде расте популарноста на антиимигрантските и антиисламските сили.

На удар на германската екстремна десница пред се се најде канцеларката Ангела Меркел, која изрази благонаклоност кон приемот на стотици илјади сириски бегалци во Европа. На протести на антиисламските активисти во Дрезден дури беше подигната и бесилка за Меркел, наведува „Вашингтон Пост“.

Во Холандија, пак, екстрено десничарскиот демагог Херт Вилдерс гласно се противи на секоја мерка за давање азил на бегалците. Во обраќање во холандскиот Парламент, тој нагласи дека Европа се соочува со „исламско бегалско цунами“ и ги оквалификува бегалците како „тестостеронски бомби, кои ги загрозуваат нашите ќерки“.

Анкетите на јавното мислење во Холандија покажуваат дека сега малата партија на Вилдерс би можела да прерасне во една од поголемите политички групи во индниот холандски Парламент.

Ист е случајот и во други делови на Европа, од северните држави, па се до Источна Европа и Балканот, оценува „Вашингтон Пост“, заклучувајќи дека резултатите од изборите во Виена сепак покажуваат оти приврзаниицте на мултикултурализмот и толер

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …