вторник , 26 септември 2017
FB_IMG_1445309284030

Вечерашните преговори неуспешни, за Груевски спорни ингеренциите на министрите предложени од СДСМ

FB_IMG_1445309284030

Вечерашните преговори се неуспешни.За Груевски спорни ингеренциите на новите министри на предлог од СДСМ и законот за употреба на бомбите. Преговорите продолжуваат денеска…

FB_IMG_1445308277692

Изјава за медиумите денеска дадоа, Хан, Заев и Илија Димовски, Премиерот Груевски им побегна на медиумите.

 

FB_IMG_1445308685313

Хан за медиумите изјави: Разочаран сум од исходот на денешната средба, останувам оптимист и се надевам дека во наредните 20 часа партиите ќе постигнат решение за проблемите кои вечерва не успеавме да ги надмине.

Дефинитивно ова беше лош ден, лидерите мора да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и не знам какво ќе биде влијанието врз европските интеграции, јас морам да заминам но моите луѓе ќе останат тука да помогнат, нови можни рокови нема, очекувам дека договорот ќе се спроведе во предвидените рокови.

“Преостануваат уште 20 часа за реализација на договорот од Пржино од 2 јуни и 15 јули.”, рече лидерот на СДСМ, Заев.

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, изјави кратко дека не е постигнат договор, продолжуваат прегпворите во текот на денешниот ден.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …