сабота , 23 септември 2017
bejli pregovori

Вечерва во владата пет амбасадори ќе му дадат последно предупредување на Груевски

aivo-orav1
Доцна вечерва во владата пет амбасадори ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски. Доцниот ноќен состанок е закажан на барање на дипломатскиот кор, јави Телма.

На средбата ќе присуствуваат заменик амбасадорот на САД во Македонија, амбасадорот на ЕУ, на Италија, на Холандија и на Германија.

Целта на нивната посета е да му пренесат на премиерот Груевски последно предупредување од земјите кои ги претставуваат за последиците кои ќе ги има Р.Македонија доколку не се спроведе договорот за излез од кризата од 2 јуни-15 јули.

Посредникот во преговорите Питер Ванхауте неделава изјави дека ако за прашањата за кои роковите веќе истекоа не се постигне согласност до понеделник, преговорите ќе бидат прогласени за пропаднати, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.

Последна ваква средба со премиерот, амбасадорите имаа во мај, по вооружениот инцидент во Куманово, во кој загинаа осуммина полицајци.

По оваа средба Груевски по полноќ ќе оди на лидерска средба во обид за спас на договорoт.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …