петок , 22 септември 2017
veljanovski dzaferi

Вељаноски не ги дава собраниските печати

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, својата работа ќе ја извршува од неговиот досегашен кабинет додека не дојде до официјално примопредавање.

Иако се очекува да испрати писмо со кое ќе го побара мандатот од претседателот Иванов, тој не може да го стори тоа додека не ги добие собраниските печати кои се во моментов кај Трајко Вељаноски.

Во меѓувреме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште се наоѓаат во кабинетот на претседателот, а обезбедувањето ги спречува медиумите да влезат таму.

Обезбедувањето не дозволи да се земе информација зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се таму, ниту пак кого штитат, Трајко Вељаноски или Талат Џафери.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …