сабота , 21 октомври 2017
PLAKAT-ZA-SINIOT-PORTOKALfinal-01-701x993

Велешкиот театар ќе гостува во Крива Паланка со „Синиот портокал“

Велешкиот театар „Џинот“ во вторник, на 19 септември, со почеток во 20 часот ќе гостува во Центарот за култура во Крива Паланка со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов.

Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа драма топло ја брани неправдата што ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација“, нагласува режисерот Ивановски.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …