вторник , 24 октомври 2017
ITALY-TENNIS-WTA

Венус Вилијамс се избори за ново финале на Вимблдон

Американката Венус Вилијамс се избори за ново финале на неофицијалното Светско тениско првенство, Вимблдон.

Десетата носителка на третиот овогодишен Гренд слем, Вилијамс во полуфиналето беше убедлива во дуелот со домашната тенисерка.

Венус по пауза од осум години повторно ќе игра на последниот ВТА меч на третиот Гран слем сезонава, Вимблдон. Јохана Конта која ја победи во два сета со 6-4, 6-2.

За 37-годишната Американка тоа ќе биде деветто финале на Вимблдон, каде досега има освоено пет титули (2000, 2001, 2005, 2007, 2008).

Вилијамс која на тревнатите терени на Вимблдон дебитираше пред 20 години во саботното финале ќе игра против шпанската тенисерка Габрине Мугуруза (14-носителка) која во два сета со 6-1, 6-1, славеше над Магдалена Рибарикова.

Утре на програмата се полуфиналните мечеви во машка конкуренција.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …