недела , 20 август 2017
dusko karpos

Вескоски: Општина Карпош веднаш за преземе итни мерки за намалување на загадувањето!

Стевчо Јакимовски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош носат огромна вина за отровниот воздух што го дишат граѓаните, поради што ќе мора да понесат одговорност!

Јакимовски и неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ го нарушуваат здравјето на граѓаните во општина Карпош за бизнис интереси! Уништија голем број зелени површини и паркови и неплански подигнаа градби, со што ја спречија природната циркулација на воздухот. Затоа општина Карпош стана најзагадена општина во Скопје, со високи концентрации на опасните ПМ10 честички, коишто се качија до 25 пати над максималното дозволено ниво.

 

Граѓаните во Карпош со право реагираат и се загрижени за себе и децата.

Одговорен градоначалник не би молчел за алармантното загадување. Но Јакимовски се крие од граѓаните, бидејки тој не е одговорен градоначалник туку партиски бизнисмен, кој е дел од проблемот.

Советничката група предводена од СДСМ предупредува дека општина Карпош мора да излезе со решение за проблемот со загадениот воздух. На утрешната седница на Советот во општина Карпош, советничката група на СДСМ и коалицијата ќе покрене иницијатива со конкретни идеи и решенија за намалување на загадувањето. Очекуваме Советот да ги прифати предложените мерки, бидејќи се работи за здравјето на луѓето.

Укажуваме дека граѓаните на парламентарните избори кажаа не за корумпираните и несовесни политичари и порачаа дека сакаат одговорни власти што ќе се грижат за нивните реални проблеми и потреби. По промените на парлемантарните избори, ќе има промени и на локалните власти. Ќе го намалиме загадувањето и ќе се заложуваме за квалитетен воздух. Карпош повторно ќе биде чиста и зелена општина.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …