понеделник , 21 август 2017
silicone-heart

ВИДЕО: 3Д печатено силиконско срце бие како вистинско

Напредните техники за 3Д печатење со кои се произведуваат меки роботи и машини во иднина ќе спасуваат животи. Научниците од Швајцарскиот федерален институт за технологија од Цирих со помош на 3Д печатач направија вештачко срце од силикон и го тестираа дали работи како вистинско срце кое пумпа крв во телото.

Нивното срце се состои од клетки како и вистинското, а со оглед на структурата од силикон нема проблеми во работата како досегашните вештачки органи со метални и пластични механизми за пумпање, кои се подложни на секакви дефекти. Научниците одлучија да направат срце од силикон со иста големина како вистинското кое ќе ја врши функцијата н најдобар можен начин.

Помеѓу клетките научниците додаоа комора која пумпа и испумпува поради воздих под притисок за да ги имитира контракциите. Во оваа фаза срцето може да прави околу 3.000 отчукувања, односно да го одржува пациентот во живот од 30 до 45 минути, но ова е прв прототип и научниците бараат поиздржливи материјали и подобра функционалност.

Тие веруваат дека со оваа технологија ќе може да се направи срце кое за почеток ќе може да се користи кај пациенти кои чекаат трансплантација, а во иднина би можело да стане вистиснко заменско срце кое ќе работи како вистинското, па дури и подобро од него.

Погледнете како изгледа и како работи првиот прототип на силиконското срце.

 

Слични написи

beni

Немој да се курчиш-нова песна на Бени & Нон стоп

„Никој не се смее, сè полудено“. Се само еден стих од новиот рокенрол на Бени …