вторник , 26 септември 2017
12180073_10206594026782149_977315062_n-685x320

(ВИДЕО) Амабасадорите го повикаа Груевски да го испочитува договорот од Пржино

12180073_10206594026782149_977315062_n-685x320Петмина амбасадори го повикаа премиерот Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да го испочитува договорот од Пржино и истакнаа дека Владата ја има таа обврска да го реализира договореното.

Тие денеска изјавија пред Владата дека договорот е најдобриот начин за излез од политичката криза. Како што рече британскиот амбасадор Чарлс Гарет, амбасадорите во петокот на средбата со Груевски го искажале своето разочарување што не се испочитувани договорените рокови.

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да демонстрира ангажираност за имплементација на договорот, конструктивност, добра волја и ургентност. Го повикуваме Груевски да го охрабри неговиот тим да најде решение за отворените прашања за брзо спроведување на реформите. Со имплементација на забелешките да обезбеди избори кои ќе бидат признаени дома и надвор од Македонија. Притоа да покаже отчетност за евентуалните прекршувања“, рече Гарет.

Амасадорите очекуваат на Специјалната јавна обвинителка да и се обезбедат сите услови потребни за работа. Тие ја охрабруваат СДСМ, како што рече Гарет, да продолжи да го исполнува својот дел од обврските и да не објавува нови прислушкувани разговори.

Рекоа дека неуспехот на договорот ќе се рефлектира на препораката.

„Владата има посебна одговорност во услови на политичка гриза и мора да дејствува итно“, изјави британскиот амбасадор.

Амбасадорите дојдоа пред Владата каде што го прочитаа соопштението, по што си заминаа. Зад изјавата стојат амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …