петок , 22 септември 2017
ambasadori pred vlada

(ВИДЕО) Белели: Ја пренесовме до Груевски пораката од ЕУ

ambasadori pred vlada
Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели, по средбата во Владата со премиерот Никола Груевски за Телма кратко изјави дека целта на средбата била да му ја пренесат на премиерот пораката од ЕУ.

„Разговаравме со Грувски, немаме специјална изјава туку само ја пренесовме порака од ЕУ и солуциите. Ќе ве информираме дополнително по завршувањето на лидерската средбата ноќва во Клубот на пратеници“, изјави за Телма, Белели.

На средбата во Владата присуствуваа заменик амбасадорот на САД во Македонија, амбасадорот на ЕУ, на Италија, на Холандија и на Германија.

Целта на нивната посета е да му пренесат на премиерот  Груевски последно предупредување од земјите кои ги претставуваат за последиците кои ќе ги има Р.Македонија доколку не се спроведе договорот за излез од кризата од 2 јуни-15 јули.

Посредникот во преговорите Питер Ванхауте неделава изјави дека ако за прашањата за кои роковите веќе истекоа не се постигне согласност до понеделник, преговорите ќе бидат прогласени за пропаднати, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација,  и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.

видео: Нова

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …