понеделник , 21 август 2017
dortmund

(Видео) Бендер со маестрална интервенција спаси чист гол, на Робен не му се веруваше

Свен Бендер е херојот на Дортмунд на дуелот со Баерн, дефанзивецот со маестрална интервенција спаси чист гол, на Арјен Робен не му се веруваше што спречи противникот

„Милионерите“ вчера со 2-3 во драматичен натпревар славеа над Баерн Минхен и се пласираа во финалето од Купот на Германија.

Борусија Дортмунд поведе со голот на Ројс, но до крајот на првиот дел, домаќините направија целосен пресврт преку Мартинез и Хумелс.

Сепак, во вториот дел следуваше нов пресврт овој пат во режија на гостите, кои преку Обамејанг и Дембеле стигнаа до победа од 2-3.

Сепак, херој на „Милионерите“ е Свен Бендер, дефанзивецот при резултат 2-1 со маестрална интервенција спаси чист гол.

Тој одлично го процени шутот на Робен, се фрли на гол линијата и ја закачи топката со левата нога, која потоа заврши во пречката па во стативата.

На Холанѓанецот не му се веруваше како мрежата остана незатресена, а Дортмунд доби мотив плус и за кратко време направи пресврт.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …