сабота , 23 септември 2017
zoran maleshnet

(ВИДЕО) Беровец два месеци чека за операција на тумор

zoran maleshnet
Болеста на момчето во количка, Зоки Двојаковски, ја стави на тест хуманоста на беровци, но и покажа со прст кон македонското здравство. Чекајќи ја операцијата на клиниката за урологија во Скопје, Зоки два месеци преживува , соочен со болки и разочарување.
„Имам многу болки, гасови. Постојано лежам во постела, не можам да седам подолго од 15 минути“, рече Зоран Двојаковски.

Додека чека операција во Македонија, туморот на Зоран пораснал,па бил принуден да побара лекување во Бугарија.Таму веќе му закажале операција наредната недела.

„Ми требаат повеќе од 5.000 евра за целото ова да се санира. Кога го открвиме тоа беше долго 3cm, но сега кога нашите доктори повторно го измерија тоа е 12cm. “, објасни Двојаковски.
За да му помогнат на Зоки, неговите пријатели организираат хуманитарна забава,а се собираат средства и од институциите за да се плати операцијата во Бугарија.

„Зоран Двојаковски помагал на секого, значи сега Берово треба да му помогне на Двојаковски“, рече Сенад Расимов.
„Страв ми е да помислам дека македонското здравство го заборави Зоки но ние сме овде за да помогнеме колку што можеме“, вели Владко Илиевски.
„Зоки секогаш беше овде за да ја промовира Општината, сега ние треба да му помогнеме да се справи со овој предизвик“, потенцираше Марин Демировски.

Но, зошто Клиниката за урологија во Скопје, чека толку време за операција на Зоки?
„Враден му е катетар за да му го прошири меурот и наредната или неделата по неа ќе биде повикан на операција“, објасни д-р Михал Пенев, директор на ЈЗУ Клиника за урологија.
Прашање на време е кога ќе се оперира Зоки, дали македонските лекари ќе бидат побрзи од бугарските. Во оваа животна голгота на Зоран, времето не работи во негова корист, затоа хуманиста е на потег.

Донации на средства Зоран Двојаковски 200000200045905 СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

Извор: ТвСтар / Даниела Такева

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …