вторник , 24 октомври 2017
paola blanton

(ВИДЕО) Бразилски танци на Етно фестивалот во Берово

paola blantonБразил и Македонија ги обединува на сцената, светски познатата танчерка и кореограф со малешевско потекло Паола Блантон. Нејзиното искуство од настапите по Бразил, но и секаде во светот заедно со групата Банџини која ја негува балканската музика, зборува дека македонскиот ритам е доста популарен во светот.
„Многу ја сакаат балканската музика, таа многу се движи во светот, таа почнува со Мисков, музиките на Кирил Џајковски и други грипи кои ја мешаат музиката“, изјави Паола Блантон.

Но, колку македонската музика може да се носи со бразилската самба?
„Може да се носи, бидејќи нашите игри се игри на нозе, и бразилската самба е игра на нозе“, вели Блантон.
Паола деновиве е во својот роден крај, каде се подготвува за настап на Етно сквер фестивалот Берово, заедно со новоформираната група од 15 млади девојки од Берово.
„Имам 15 девојки, настапотќе биде изненадување, ќе играме на музиката на Кирил Џајковски, тоа ќе е еден микс“, рече таа.
Оваа неуморна девојка, како амбасадор на македонскиот ритам по светот има само една порака.
„Да играме , да играме и да играме, да ја развиваме меѓукултурната соработка, не само меѓу Бразил и Македонија, туку да ја движиме македонската музичка култура во цел свет, има голем интерес во Америка има многу групи кои сакаат да учествувата во Јужна Африка, Аргентина и сл“ , истакна Блантон.
Паола по настапот во Берово, се враќа во Бразил, каде треба да продолжи со преговорите за нејзиниот ангажман во втората сезона на популарната серија Марко Поло. Во првата сезона, таа беше кореограф на играта на конкубините.

Извор: ТвСтар / Даниела Такева

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …