сабота , 23 септември 2017
tevd-685x320

(ВИДЕО) Четвртиот столб на СДСМ: Европска иднина и квалитетен живот

tevd-685x320
Социјалдемократскиот сојуз денеска го презентираше четвртиот столб од нивната програма „Визијата за Македонија“, именуван како „Европска иднина и квалитетен живот.“

-Нашата цел е да ја победиме нееднаквоста во општеството и да ја вратиме средната класа!нВоведуваме одговорна власт, праведни даноци, извлекуваме од сиромаштија, го поддржуваме развојот на домашните претпријатија, вложуваме во домашни капацитети,застануваме на страната на работниците, отвораме иднина за младите дома. Ова е патот по којшто тргнавме. Ова е интересот на мнозинството граѓани во Македонија. Ова води кон европска перспектива на Република Македонија и ние таму целиме – изјави Драган Тевдовски, претседател на Комисија за економија.

Клучна улога во овој столб на СДСМ имаат институции поставени на здрави темели по европски терк, и стабилен државен систем во којшто, како што рекоа од таму, граѓаните добиваат квалитетни услуги во здравството, образованието, животната средина, културата и локалната самоуправа.

– Јавно здравство за сите, со безбедни и лесно достапни услуги, наместо граѓаните да плаќаат во приватни болници. Јавно образование во коешто учениците, наставниците и родителите, студените, професорите се задоволни и среќни, а не истрауматизирани. Од образовните институции излегуваат стручни кадри и потребни профили на пазарот на работна сила. Ова и тоа како влијае на продуктивноста во економијата во земјава.

Граѓаните живеат во чиста животна средина, во којашто се почитуваат еколошки стандарди. Културата е слободна, не пропагандно средство на луѓето на власт. Локалната власт е вистински сервис на граѓаните, првото место каде добиваат подадена рака за помош и поддршка. Сите сакаме да живееме во вакво општество нели? Затоа е потребна нова енергија во евро-атлантските интеграции на Македонија – изјави Тедовски.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …